MKDNews.com

По објавената нова снимка појасно се гледа главата на октоподот во „Рекет“

По објавената нова снимка појасно се гледа главата на октоподот во „Рекет“
февруари 12
21:07 2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски немал можност подетално да се запознае со содржината на снимката што на собраниска комисија ја објави пратеникот Антонио Милошоски, за која рече дека е поврзана со случајот „Рекет“. Од она што можел да го прочита од транскриптите, како што рече, можела да се види главата на октоподот и оти тоа требало да го види и Јавното обвинителство.

– Од тоа што можев на кусо да го прочитам пред оваа средба може да се разбере дека на снимката се слуша гласот на поранешниот премиер како го советува првоосомничениот во случајот „Рекет“  Бојан Јовановски и го прашува како ја финансира телевизијата, а тој му кажува како ја финансира, Од тоа што го прочитав практично станува збор за средства, што ако се сеќаваме добро беа префрлени од еден бизнисмен за изградба на старски домови, дел од онаа невладина организација Меѓународен сојуз – рече Мицкоски.

Тој истакна дека транскриптот укажувал дека лицето „за кое се вели дека е поранешен премиер“ кажува како ја помагаат таа телевизија преку донации, маркетинг услуги што, како што потенцира, кореспондира со она што тој пред неколку месеци самиот го изјавил дека таа е провладина телевизија.

– Практично гледаме дека полека работите излегуваат на виделина. На крај можам да заклучам е дека Обвинителството ако навистина сака да дојде до главата на октоподот, сликата веќе јасна и јасно се гледа. Но, доколку не сака нема да може јасно да ја види сликата на главата на октоподот – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата во МАСИТ.

Милошоски објави скандалозна аудио снимка од Заев: Му помагавме на Боки 13 за телевизијата, а му легнале пари и од Силјан Мицевски

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести