MKDNews.com

Милошоски објави скандалозна аудио снимка од Заев: Му помагавме на Боки 13 за телевизијата, а му легнале пари и од Силјан Мицевски

Милошоски објави скандалозна аудио снимка од Заев: Му помагавме на Боки 13 за телевизијата, а му легнале пари и од Силјан Мицевски
февруари 12
20:51 2020

Дали Рекет е една од причините поради која Зоран Заев брза со носење на Законот за јавно обвинителство. Откако денеска пратеникот Антонио Милошоски пред пратениците во Комисијата за европски прашања пушти аудио запис, во кој, според него, се слуша гласот на лицето З.З. (алудирајќи на експремиерот Зоран Заев) како наводно разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, се постави прашањето дали Заев бара амнестија преку законот за ЈО затоа што тој има удел во Рекет, односно дали можеби и тој е мозокот на овој случај. Тоа се само делод прашањата на јавноста, а Милошоски пред пратениците изјави:

Овој транскрипт фрла мала светлина зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки.

Пратеникот го прочита транскриптот, бидејќи звукот во аудио снимката едвај се слушаше и беше речиси невозможно да се разбере.

З.З., според Милошоски, на друго лице чиј идентитет не беше кажан, наводно му се обраќа со следниве зборови, а во врска со обвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски:

Му требаат пари за телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски, од тоа проектот за старечките домови – рече Милошоски читајќи го транскриптот од снимката.

Пратеникот Милошоски рече дека оваа снимка е од „свиркач“ и сакал да ја сподели со јавноста бидејќи содржела индиции за вмешаност во криминал.

Во продолжение интегрално текстот од аудио записот:

З.З: Но, му требаат пари во тоа телевизијата и.

З.З: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.

З.З: Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“? Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“.

З.З: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести