MKDNews.com

Мицкоски: Не гледам причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Мицкоски: Не гледам причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието
февруари 12
21:00 2020

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата што ја предводи во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор, денеска да биде распуштено Собранието.

Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ – изјави денеска Мицкоски на новинарско прашање што ќе преземат со оглед дека не е прифатено нивното барање законодавниот дом да се распушти денеска.

Мицкоски порача дека не треба да се отстапува од постигнатиот политички договор за термините за распуштање на Собранието и за избори.

Во однос на предлогот од премиерот Оливер Спасовски за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, кадар делегиран од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, апелира на разум и достоинство. Смета дека тоа се политички маневри и предупредува дека може да ја однесат државата во тешко политичко сценарио.

Свесни се дека губат, ја разбирам нивната нервоза, знаат дека следи одговорност по 12 април. Нема потреба од ваква нервоза бидејќи граѓаните се тие кои на крајот од денот сите овие политички гимнастики што се обидуваат овие сценаристи да ги креираат негативно и влијаат. Апелирам до Спасовски да се воздржи од какви било политички маневри и слугувања на политиките на СДСМ, да го гледа државниот интерес и свесно да не ја тера државата во едно тешко политичко сценарио – рече Мицкоски.

Прашан дали токму предлогот за разрешување на Мизрахи ќе го одолговлечи распуштањето на Собранието, Мицкоски кажа дека ќе биде чесно денеска парламентарно мнозиснтво да се охрабри, да се собере и да се распушти Собранието како што е договорено.

Не е добро, ниту за државата, вака по пат на насилство да се туркаат работите. Политички договор постои и тој треба да се почитува. Имаме 60 дена до денот на гласање, колку толку барем да имаме елементарни услови за пристоен изборен ден на12 април – рече Мицкоски.

 

Собранието не се распушти!

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар