MKDNews.com

Јапонецот Ватанабе е најстариот маж на светот

Јапонецот Ватанабе е најстариот маж на светот
февруари 13
08:50 2020

Читетсу Ватанабе (112) од централна Јапонија е најстариот маж на светот.

Ватанабе, кој живее во пензионерски дом во Нигата, доби официјална потврда од Гинисовата книга на рекорди, се вели во соопштението на организацијата.

Ватанабе, кој е роден на 5 март 1907 година, за локалните медиуми минатата година изјави дека тајната за неговата долговечност е дека нема да дозволи ништо да го натера да се налути и да не ја задржи насмевката на лицето.

По дипломирањето на земјоделското училиште, Ватнабе се преселил во Тајван и таму работел во јапонска фабрика за шеќер. За време на Втората светска војна бил во јапонската армија.

Ватанабе по војната се вратил во родната Нигата и работел како државен службеник сè до пензионирањето.

Тој има пет деца, 12 внуци и 16 правнуци и еден пра пра правнук, пренесува Kyodo News.

Најстарата личност на светот е Кане Танака, која исто така, живее во Јапонија. Таа го прослави својот 117-ти роденден во јануари.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести