MKDNews.com

Ердоган: Од денеска натаму насекаде ќе ги тепаме трупите на Асад, без оглед на договорите!

Ердоган: Од денеска натаму насекаде ќе ги тепаме трупите на Асад, без оглед на договорите!
февруари 12
21:17 2020

„Изјавувам дека од денес па натаму ќе ги напаѓам силите на режимот насекаде – игнорирајќи ги границите на Идлиб или договорот од Сочи – во случај да се направи дури и најмала можна штета на нашите војници на набљудувачките места или на друга локација “, рече Ердоган во Анкара.

Во една од ретките критични настапи против Русија, инаку турски сојузник во регионот, иако двете земји ги поддржуваат спротивставените страни во сириската војна, Ердоган ја обвини Москва.

„Режимот и руските сили кои ги поддржуваат континуираните напади врз цивили, масакрираат и пролеваат крв“, рече Ердоган.

Русија и Турција се потписници на мировниот процес од Астана, кој се обидува да стави крај на војната во Сирија.

Ердоган денеска разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за тоа како да се деескалира состојбата во Идлиб, објави Кремљ.

Двајцата претседатели изразиле желба „целосно да ги спроведат руско-турските договори за деескалација“, соопшти Кремљ, пренесе Франс прес.

Кремљ наведува дека Турција не се придржува до договорот постигнат со Москва за „неутрализирање“ на милитантите во Идлиб. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва сè уште е посветена на договорите што ги постигнала со Анкара, но дека Русија нападите во Идлиб ги смета за неприфатливи и спротивни на тие договори.

Конфликти со невиден интензитет меѓу сириската и турската армија избувнаа на почетокот на февруари во Идлиб, каде Турција ги поддржува бунтовничките групи и има воени позиции што неодамна ги зајакна.

14 турски војници се убиени, а 45 се повредени од почетокот на февруари во нападите на сириската армија врз провинцијата Идлиб, последното упориште на Сирија.

Во таа област, Турција има повеќе од десет набљудувачки позиции според договорот што го постигна со Русија.

Сириската армија ги бомбардирала овие области со воздушна поддршка на Москва и со тоа сирискиот режим презеде неколку сектори во покраината, што предизвика гнев во Анкара.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на денешната прес-конференција во Тирана изјави дека Германија обезбедила 40 милиони евра помош за Турција за спасување на Сиријците , кои бегаат од Идлиб.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести