MKDNews.com

Во сообраќајна несреќа загина легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур

Во сообраќајна несреќа загина легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур
јануари 30
20:01 2020

Во сообраќајка во скопска Кисела Вода, во близина на последна 24-ка, синоќа животот го загуби легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски–Буштур. Тој е роден на 15 октомври 1950 во Скопје.

Информациите за несреќата на екс-кошаркарот се дека изгубил контрола на возилото, удрил во бетонската жардињера на средината на коловозот.

Благоја Георгиевски својата кариера ја помина во клубот Работнички, играјќи со македонскиот репрезент во Првата југословенска кошаркарска лига.

Македонската легенда на Европско првенство во 1971 година  во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација го освои сребрениот медал. Георгиевски беше учесник на Летните олимписки игри во Монтреал во 1976 година каде исто така се закити со сребрен медал.

По крајот на кариерата како играч Георгиевски остана во кошарката и работи како тренер во неколку наши клубови. Подоцна понеколку сезони минати во Кипар како тренер стана и селектор на најдобрата репрезентација на Македонија. Буштур потоа ја завршува тренерската кариера и станува член на Управниот одбор на МКФ и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, претседател на олимпискиот совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја.

По трагичниот настан спортска  Македонија се збогува од својот великан.

-Почивај во мир, легендо наша oлимписка! Напиша генералниот секретар на МОК Поповски.

„Ни беше идол, инспирација и заштитник сите овие години. Никогаш нема да бидеш заборавен“, порача  најдобриот македонски тренер за 2019 предводникот  на Астана од Казахстан Емил Рајковиќ.

Еск пејачот на „Бело Дугме“ Ален Исламовиќ кој синоќа бил на вечера со легендарниот Буштур на фејсбук објави фотка од вечерата со порака.

-Во сообраќајна несреќа загина легендарниот кошаркар Буштур. Синоќа се дружевме на вечера. Почивај во мир легендо!

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести