MKDNews.com

Во Шуто Оризари во пожар изгореа две мали деца

Во Шуто Оризари во пожар изгореа две мали деца
јануари 11
11:32 2020

Две деца изгореа во пожар во Шуто Оризари.

Децата загинаа во пожарот што се случил попладнево во населбата Шуто Оризари. Се работи за момче и девојче на возраст од три години и година и пол. Децата биле во куќата во моментот кога покривот се урнал врз нив. 

Според кажувањето на соседите во куќата имало четири деца од кои две успеале да се спасат откако избувнал огнот.

Врз најмалите две кои имале три и една и пол година, во еден момент се урнал покривот. Пожарот бил пријавен околу 13:25 часот на улицата Брсјачка буна, во близина на пазарот. Зафатил четири куќи.

Некои од соседите го гледале целиот трагичен настан.

Се работело за импровизирана куќарка која се наоѓа на улицата „Брсјачка буна“ спроти спортското игралиште.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар