MKDNews.com

Во Прилеп, убиени мајка и ќерка

Во Прилеп, убиени мајка и ќерка
јануари 11
20:56 2020

Педестгодишен  прилепчанец  утрово со пиштол пукал во неговата поранешна 40 годишна сопруга и нејзината 64 годишна мајка и ги убил. 

Тешко го повредил и 36 годишниот брат на неговата сопруга кој деновиве со семејството  се вратил од Америка  во Прилеп за  договорена крштевка на негово  дете.

Убиството е извршено на улица „Александар Македонски“ на излезот од градот кон Плетвар во куќа каде што поранешната сопруга на убиецот живеела со синот и нејзините родители.

За нив соседите велат дека биле и домаќини и мирни луѓе.

Вистинските причини за убиството допрва ќе се утврдуваат. Според првичните информации без најава или претходна закана  утрово околу 8 часот убиецот дошол до сејмената куќа на сопругата и заѕвонил на вратата.

Притоа  пукал во главата на неговата баба а потоа и во својата сопруга. Во обид да спречи поголема трагедија  го ранил и неговиот шура а овој пак него со тврд предмет  тешко го повредил  во главата. Двајцата итно се пренесени во прилепската болница.

10 годишниот син на убиецот кој патем и порано бил проблематичен човек  и убиената сопруга е под надзор на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а убиецот во болница  го чува полиција.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести