MKDNews.com

Во предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во АД ЕЛЕМ

Во предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во АД ЕЛЕМ
јануари 21
20:48 2020

СДСМ и Зоран Заев во паника од поразот, во очи на избори бесрамно продолжуваат со предизборни вработувања и партизација на институциите. Во очи на распуштање на парламентот и формалното започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во државната АД ЕЛЕМ, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е чиста партизација, ова е чист непотизам во изборни цели на власта во заминување. Ова не е прв случај на полнење на АД ЕЛЕМ, на полнење на РЕК Битола, или на АД МЕПСО, полнење на државните енергетски компании во овој предизборен период. ЕЛЕМ како дел од државните компании каде платите се неколкукратно повисоки од просечната постојано периодов е цел на полнење со луѓе од партиските тефтери на СДСМ, рече Стоилковски и додаде:

„Потсетуваме дека на 8 дена пред техничка влада ЕЛЕМ распиша оглас за вработување нови 30 лица.  Претходно имаше оглас за 200 лица во РЕК Битола, а за во МЕПСО наводно беа потребни 63 лица. Не вработуваа инженери или други стручни лица потребни за работа на ова претпријатијата, туку разни советници, книговодители, раководители. Каква е намерата за итност за вакви вработувања пред избори, ако не е полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи. СДСМ и Заев се во паника. Ваквото однесување на СДСМ, на Заев, на власта во заминување фрла сериозен сомнеж, но и го доведува во прашање амбиентот на изборниот процес“.

СДСМ и Заев, потенцира партискиот портпарол, се виновни за сите порази, измами и криминали, на 12-ти април следува одговорност. -Заев и СДСМ никогаш повеќе.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар