MKDNews.com

Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант
јануари 27
08:47 2020

Според американските медиуми , никој од петте во хеликоптерот, не ја преживеал несреќата .

Легендата во НБА, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Коби Брајант почина во хеликоптерска несреќа во близина на местото Калабасас во Калифорнија во неделата наутро .

Коби патуваше со најмалку 3 други лица во неговиот приватен хеликоптер кога се урна , по што избувна пожар, јавуваат американските медиуми . Персоналот за итни случаи одговорил, но никој во леталото не преживеал.Потведено е дека загинале сите  5 лица . Сопругата на Коби , Ванеса Брајант не била меѓу патниците во хеликоптерот .

Очевидци го слушнале моторот на хеликоптерот како пука пред падот. Причината за несреќата ќе се дознае по истрага.

Коби често го користел хеликоптерот за патување, и тоа со години , од времето кога  играше за Лејкерс. Тој беше познат по патувањата од Њупорт Бич, Калифорнија до Стаплес центарот во ДТЛА со неговиот хеликоптер Сикорски С-76.

Коби зад себе  ја остави неговата сопруга Ванеса и  нивните четири ќерки – Џана, Наталија и Бјанка и нивното новороденче Капри.

Коби неодамна беше забележан на НБА натпреварите со неговата ќерка Џана – самата кошаркарка на која и се предвидува богата кариера . Нивната најмлада ќерка, Капри, е родена во јуни 2019 година.

Коби се смета за еден од најголемите НБА играчи на сите времиња – Учествувал во 18 тимови на All Star во текот на својата 20-годишна кариера со Лејкерси. Тој беше пик на првиот круг во драфтот во 1996 година, освојувајќи 5 НБА првенства, 2 МБП финалиња во НБА и беше МВП на лигата во ’08 година.

Лејкерс славно ги пензионираше двата дресa на Коби, со број 8 и 24 …

Во тек е истрага за инцидентот – што се случи во неделата наутро.Според извештаите, хеликоптерот експлодирал  откако удрил на земја.

Смртта на легендата  предизвика шок во целиот свет , а кошаркарите на НБА се простуваат од него на социјалните мрежи .

Sвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, твитна: „Не, ве молам, се тресам ова не може да биде вистина, ве молам“.

Фудбалерот на Кливленд Кавалирс, Кевин Лав напиша: “Те молам не. Те молам, не Боже. Не може да биде точно”.

Тристан Томпсон додаде: „Се надевам дека не е вистина !!! Не Коби“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар