MKDNews.com

Улично куче влегло во индиска болница и до смрт изгризало новороденче

Улично куче влегло во индиска болница и до смрт изгризало новороденче
јануари 16
08:46 2020

Родителите им рекле на  полицајците дека нивното бебе било живо во операционата сала кога го нападнало улично куче. Во болницата, сепак, инсистираат на тоа дека новороденчето се родило мртво.

Властите на Утар Прадеш за Би-Би-Си изјавија дека ја затвориле болницата затоа што работела без лиценца.

Полицијата соопшти дека чекаат наоди на обдукција за да се утврди причината за смртта на бебето.

„Прелиминарните докази покажуваат дека детето било изгризано од кучето. Истражуваме како кучето влегла во болницата“, изјави окружниот судија Манвендра Синг.

„Болницата тврди дека бебето било мртвородено и не починало од нападот. Но, родителите велат дека тоа не е точно. Ние сега спроведуваме темелна истрага“, додаде тој.

Рави Кумар, таткото на новороденчето, за весникот „Times of India “ изјави дека бебето било во операционата сала кога еден член на персоналот на болницата излегол и ја оставил вратата отворена преку која влегло куче скитник.

„Детето беше каснато на градите и левото око. Лежеше неподвижно “, рече таткото, обвинувајќи го болничкиот персонал дека се обидувал да го поткупи.

Во државата Утар Прадеш, последниве години има зголемен број напади од кучиња скитници. Минатата година кучињата убија 3-месечно бебе и 7-годишно дете во два одвоени инциденти. Во 2018 година, жителите од областа Ситапур изјавија дека кучиња убиле 12 деца во серија одделни напади.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести