MKDNews.com

Светските ѕвезди се простуваат од Коби Брајант

Светските ѕвезди се простуваат од Коби Брајант
јануари 27
08:55 2020

Коби патувал со уште четири лица во приватен хеликоптер што се урнал и никој не ја преживеал несреќата.

Трагичната вест беше официјално потврдена од градските власти на Калабасас. TMZ пренесува дека една од патниците во хеликоптерот била и неговата ќерка Џана Мари.


Многубројни светски ѕвезди и претседателот на САД Доналд Трамп се простија од легендата на НБА лигата Коби Брајант кој вчера загина во пад на хеликоптер во Калифорнија. Трамп изјави дека веста за загинувањето на Брајант е „ужасна“, додека многумина ѕвезди пишуваат дека се уште не веруваат оти Брајант загинал.

Во падот на хеликоптерот загинаа сите девет патници, а меѓу нив била и 13 годишната ќерка на Брајант. Причината за падот на хеликоптерот од типот Сикорски Ц-76 се истражува. 41 годишниот Брајант чиј прекар беше „Црна мамба“ е еден од најдобрите кошаркари на НБА лигата на сите времиња.

Целата кариера, 20 сезони, играше за Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули, а со репрезентацијата на САД две олимписки медали.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести