MKDNews.com

Силен земјотрес од 5 степени по Рихер го погоди Драч

Силен земјотрес од 5 степени по Рихер го погоди Драч
јануари 29
08:54 2020

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28 јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести