MKDNews.com

Русија доби нова влада

Русија доби нова влада
јануари 21
21:07 2020

Новата влада беше формирана по помалку од една недела откако Путин предложи голема реформа на политичкиот систем, поттикнувајќи ја оставката на премиерот Дмитриј Медведев и целата негова влада.

Путин го избра Михаил  Мишустин, 53-годишен директор на даночната администрација без политичко искуство, за свој нов премиер.

Рускиот претседател го назначи Андреј Белошов, свој економски советник од 2013 година, за прв вицепремиер. Белошов ќе го наследи Антон Силуанов, кој ја имаше таа функција од мај 2018 година.

Тој исто така го одобри назначувањето на Максим Решетников, поранешен регионален гувернер, на функцијата министер за економија што ја имаше Максим Орешкин во поранешната влада.

Министерот за финансии Антон Силуанов, министерот за енергетика Александар Новак, министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров остануваат на истата должност, соопшти Кремљ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар