MKDNews.com

Полицаец со бомба се разнел себеси и љубовницата!

Полицаец со бомба се разнел себеси и љубовницата!
јануари 21
21:22 2020

Полицаецот Павле Р. од Стара Пазова, град во Војводина, утрово активирал рачна граната во неговиот автомобил додека бил во него со својата љубовница. И двајцата загинале.

Полициска патрола околу 9 часот пронашла две безживотни тела во паркиран  Опел Вектра во близина на Стара Пазова.

Телото на мажот било на седиштето на возачот, а телото на жената се наоѓало на совозачкото седиште.

Српските медиуми јавуваат дека оваа трагедија се должи на љубовни проблеми. Повеќе детали ќе бидат познати по истрагата.

Павле Р. имал 31 година и работел во Жандармеријата на Нови Сад, а во слободното време се занимавал со резба.

Тој зад себе ја оставил сопругата и двата сина. Пред две и пол години за него е снимена и емитувана телевизиска репортажа како полицаец и резбар во слободното време.

1 Коментар

  1. Best SEO Services
    Best SEO Services јануари 26, 00:48

    Awesome post! Keep up the great work! 🙂

Напишете Коментар

Напишете коментар

%d bloggers like this: