MKDNews.com

Маж во карантин во Солун поради сомнежи дека е заразен со коронавирус

Маж во карантин во Солун поради сомнежи дека е заразен со коронавирус
јануари 30
20:55 2020

Маж на возраст од 62 години е задржан во болница во Солун под сомнение дека е заразен со коронавирус. Ова е прв ваков случај во овој град и надлежните презедоа итна акција.

Според грчките медиуми, човекот неодамна патувал во Кина, а според првичните информации, тој ги има симптомите на опасниот вирус кој веќе однесе 170 животи.

Од болницата соопштиле дека пациентот, кој е грчки државјанин, неодамна се вратил од кинескиот град Вухан, кој важи за епицентар на оваа епидемија, пренесува српски „Телеграф“.

Резултатите од тестовите ќе бидат објавени утре.

Во Кина, пак, денеска беше објавено дека повеќе пациенти заразени со новиот коронавирус се опоравиле и ги напуштиле болниците.

Четворица пациенти заразени со вирусот во источната кинеска провинција Џангси се опоравиле и денеска биле пуштени од болница, а претходно беше соопштено и за три други вакви случаи.

Џанг Веj, експерт од покраинскиот одбор за итни случаи и превенција и контрола на епидемијата, рече дека врз основа на анализите на излечените пациенти, раното откривање и навременото лекување се клучни за закрепнување.

Извор: 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар