Македонија со победа ја започна групната фаза на Европското првенство во ракомет
јануари 11
11:47
2020
Македонската репрезентација со победа ја започна групната фаза на Европското првенство во ракомет.
Во Виена беше совладана Украина со 26-25 (13-10). Најефикасни во македонскиот национален тим беа Кире Лазаров, кој со гол во последните секунди ја донесе и победата, како и Дејан Манасков, кој постигна шест гола. Меѓу хероите на вечерта се вбројува и одличниот голман Никола Митревски.
Денеска е слободен ден во групата Б, а утре следи дуелот со Чешка.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment