MKDNews.com

ДПА сама ќе оди на избори

ДПА сама ќе оди на избори
јануари 08
07:12 2020

Лидерот на ДПА Мендух Тачи ја расчисти дилемата за настапот на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Тој изјави дека на изборите ДПА ќе настапи сама и додаде дека неговата партија не претпочита предизборни коалиции.

Тачи остави отворена можноста за постизборна коалиција со партија кој ќе ги исполни дваta предуслови – ДУИ да не биде дел од новата влада и тој да е вицепремиер.

– Во принцип, од самиот почеток решивме сами да одиме на избори. Излегов со два предуслови за разговори со идните партнери за постизборна коалиција.

Првиот услов е разгледување на можноста  ДУИ да не биде дел од новата влада и вториот услов што го бараме е сериозни разговои за функцијата вицепремиер којa треба да ја преземе ДПА, но не формалeн вицепремиер како што е сега, туку еден вицепремиер кој ќе биде директно поврзана со премиерот  – изјави Тачи.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар