MKDNews.com

Заев на прием кај Кралицата Елизабета, заедно со лидерите на земјите-членки на НАТО

Заев на прием кај Кралицата Елизабета, заедно со лидерите на земјите-членки на НАТО
декември 04
08:57 2019

Македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев присуствува во Лондон на НАТО самитот за демонстрација на единството и на силата на Алијансата, но и за прослава на 70-годишнина од нејзиното основање.

Заев вечерва пристуваше на прием кај кралицата Елизабета во Бакингенмската палата. Приемот се приредува за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО.

-Нејзиното Височество Кралицата, Принцот од Велс, генералниот секретар на НАТО и претседатели на држави и Влади од земјите од НАТО, е напишано на Твитер налогот на кралското семејство и е објавена фотографија од Кралицата Елизабета и лидерите на земјите учеснички на Самитот.

Македонија се уште не е членка на НАТО бидејќи се чека ратификацијата на Шпанија, која е последната земја членка на НАТО која сè уште го нема ратификувано Протоколот за членство на Македонија во Алијансата. Во Шпанија, во првата половина на ноември, се одржаа парламентарни избори на кои победи Социјалистичката партија на Педро Санчез и се чека на формирање на новата Влада.

Новиот премиерски кабинет во Шпанија се најавува дека ќе биде формиран наскоро и по што, според неофицијални извори на НоваТВ, се очекува формалност при постапката за ратификација на Протоколот во шпанскиот Сенат.

Претпоследна земја членка што го ратификува Протоколот беше Франција што, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, е силна политичка порака.

Светските медиуми денеска пренесуваат дека сојузниците „се обединија да го одбранат НАТО од Макрон“.

Нападот на НАТО од страна на францускиот претседател Емануел Макрон допринесе обединување на останатите членки на Алијансата.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, апелирајќи на Европа да создаде своја безбедносна структура. Изјавата доби силен одговор од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека европското единство не може да го замени трансатлантското единство.

Според „Си-Ен-Ен“, далеку од тоа дека алијансата е кревка, НАТО сега е многу помалку еластичен од порано. Затоа, кога лидерите ќе се соберат во Лондон, тие ќе треба да вложат повеќе напори за да премостат некои од нивните разлики.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести