MKDNews.com

В петок во Битола второ издание на „Боемски вински салон“

В петок во Битола второ издание на „Боемски вински салон“
декември 10
21:15 2019

Вo петок, 13 декември од 15 до 22 часот во холот на Народен теата Битола ќе се одржи второто издание на „Боемски вински салон“. Организатор на салонот е конвивиумот „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Битола Горска вода и Народен театар Битола.

Салонот има за цел презентација и промоција на производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст.

На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион, да едуцираме за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина, велат од Слоу фуд Битола.

На овогодинешното издание на „Боемски вински салон“ планирано е да се претстават преку 20 производители со 80 етикети на вино, кои ќе бидат дегустирани од голем број на љубители на виното.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар