Со години американските медиуми пишуваат како поранешната сопруга на Том е противничка на нивната црква. Откако, наводно пет години не бил во контакт со Сури, Круз повторно одлучил со неа да изгради однос, пренесува „Ин Тач“.

– Том по долго време видел фотографија од Сури воочувајќи дека таа полека растне во негово отсуство и тоа пресудило. Ако некогаш се одлучи да ја напушти скиентологијата , тоа ќе биде заради неговата ќерка. Бидејќи Сури нема татковска фигура во својот животм ова би било идеална прилика да се помират додека не е предоцна, но скиентолошката црква е запознаена со најмрачните тајни на Том, па доколку одлучи да ги напушти, тие тајни можеби ќе излезат на виделина, рекол извор близок до семејството за „Ин тач“.

Денес девојчето има полни 13 години и е порасната во вистинска убавица.