MKDNews.com

Земјотресот во Албанија уништи 5 497 домови, евакуирани 3 135 луѓе

Земјотресот во Албанија уништи 5 497 домови, евакуирани 3 135 луѓе
декември 06
08:45 2019

Заменик-министерката за внатрешни работи на Албанија, Равена Вода, соопшти денеска дека се евакуирани 3.135 граѓани, а 5.497 куќи се тешко оштетени по катастрофалниот земјотрес во земјата.

Според неа, најновите податоци за штетата предизвикана од земјотресот, се собрани од инспекторите во Тирана, Драч, Леш, Лац и Круја, јави албански Дејли њуз.

Вода додаде дека во земјотресот биле оштетени 12 здравствени установи и центри за итна помош во Круја, Драч, Лац и Тирана.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кој ја потресе Албанија во 3:55 часот по полноќ на 26 ноември, уби 51 лице , а повредени се повеќе од 900 луѓе.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар