MKDNews.com

Нова провокација од Бугарија: Јазикот во Македонија е регионална форма на бугарскиот јазик!

Нова провокација од Бугарија: Јазикот во Македонија е регионална форма на бугарскиот јазик!
декември 13
08:41 2019

Неколку месечните превирања на релација Скопје-Софија, од политичко се преселија и на научно ниво. Македонскиот јазик не постои, зашто е писмено-регионален стандард на бугарскиот, се вели во реакцијата на Бугарската академија на науките. Контроверзниот став е своевиден одговор на Повелбата на македонските колеги, усвоена пред 10 дена од МАНУ, во која се изнесени научно признаени факти за македонскиот јазик, а во насока на зацврстување на потребата за научно истражување на македонскиот јазик и дијалекти. Ваквиот ригиден став дел од претставниците на научната мисла во Бугарија го изложија и на гостувањето на Бугарската национална телевизија.

– Јазикот во С.Македонија, т.н македонски јазик, кој ние го сметаме и кој е писмено-регионална форма на бугарскиот јазик, всушност е политички производ. Од стенограмите утврдивме дека бугарскиот книжевен јазик е подложен на прекодификација во Македонија од трите јазични комисии од 1944-та година. Еден од учесниците, Георѓи Киселинчев, вели немаме време да чекаме да стане јазик, Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик во БАН

– Државата си има право на јазик, тоа никој не го спори, но не може да се смета онака како што е во документот од трети декември, каде што всушност дека  јазикот е самостоен, како да паднал од небо, Васил Николов, заменик-претседател на БАН.

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, вели дека е запознат со бугарските забелешки и оти тие ќе бидат разгледани од македонските лингвисти, по што ќе се изгради и став.

– Тој документ излезе таков каков што излезе, но јас имам и други информации дека не сите академици на БАН го поддржале тоа. Тука има инволвирање на државната бугарска политика во овие работи, што не е во ред. Нема да ги расипеме односите со БАН, вели Таки Фити, претседател на МАНУ

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар