MKDNews.com

Фејсбук со тужба за компанија од Хонг Конг, која хакирала сметки и плаќала скапи реклами

Фејсбук со тужба за компанија од Хонг Конг, која хакирала сметки и плаќала скапи реклами
декември 06
22:30 2019

Фејсбук тужи кинеска компанија за која тврди дека ги хакирала сметките на корисниците за да плаќаат за реклами за апчиња за слабеење и слични производи.

Судската постапка е поднесена вчера, во која се тврди дека „Иликеди Медија Интернешнл“ со седиште во Хонг Конг, заедно со двајца кинески државјани, Чен Сиао Конг и Хуанг Та, ги измамила корисниците на „Фејсбук“ со преземање на компромисен софтвер, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Компанијата го користела тој софтвер за пристап до профилите на корисниците и нивните сметки за рекламирање на производи и услуги и преку нив објавувале реклами во вредност од милиони долари кои се однесуваат на  „лажни апчиња за слабеење, инвестиции во криптовалута и слики со сексуална содржина“. Трошоците за водење на овие реклами се наплаќале од  сметките на жртвите, или хакираните корисници на Фејсбук.

Извршниот директор на „Фејсбук“, Џесика Ромеро, изјави вчера дека „Фејсбук“ им ги вратил парите на хакираните жртви чии сметки биле користени за неовластеното рекламирање.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар