MKDNews.com

Шверцери дивееја во МНТ! (ВИДЕО)

Шверцери дивееја во МНТ! (ВИДЕО)
ноември 25
07:49 2019

Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, едно од најграндиозните зданија во нашата држава, каде што треба да се промовира културата и уметничките вредности, се случи огромен скандал – се промовираше дивјаштво и хулиганизам.

Некој умен во Министерството за култура решил да им дозволи да слават 30 години од постоењето на навивачите од Чаир и тоа на место што апсолутно нема никаква врска со навивањето.

Затоа пак, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.

На „гала свеченоста“ биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Секако, за да даде тежина на оваа манифестација, присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.

Вечерва осамна видео од нивното дивеење, а јавноста згрозена и шокирана прашува – на кој паметен му текнало да им го дозволи ова?

 sport1.mk

Александар Николоски: Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува!!! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен!

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести