MKDNews.com

Се активираат амнестиите на Иванов од 2016 година

Се активираат амнестиите на Иванов од 2016 година
ноември 30
08:48 2019

Уставниот суд ја вади од фиока три години старата иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за помилување од 2016та,донесен веднаш по дадената амнестија од Иванов во 2016-та, за тој да може да ја повлече одлуката.

Со ова повторно оживеаја сомнежите дека се прави обид за “враќање во живот” на спорната аболиција при што од кривичен прогон ќе се спасат речиси сите кои беа осомничени и обвинети од СЈО. Кој е подносител на иницијативата од Уставен не откриваат со образложение дека лицето може да има последици по безбедноста.

Шестмина уставни судии завчера ги надгласале тројцата свои колеги со што успеале да ја стават на дневен ред за расправа иницијативата. Според информации на Канал 5, ЗА поведување на постапка гласале судиите Јован Јосифовски, Никола Ивановски, Владимир Стојановски, Елена Гошева, Вангелина Маркудова и Насер Ајдари. Против биле судиите Дарко Костадиновски, Осман Кадриу и Сали Мурати.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести