MKDNews.com

Ракометарките одиграа нерешено против Италија

Ракометарките одиграа нерешено против Италија
ноември 22
23:08 2019

Македонската женска ракометната репрезентација, одигра нерешено 29:29 против Италија, во воведниот натпревар на турнирот во турскиот град Анталија.

Италијанките по првото полувреме имаа водство од 16:13, а избраничките на селекторот Симе Симовски вторите 30 минути ги добија со 16:13, па средбата заврши нерешено. Македонскиот тим не отпатува комплетен во Анталија, шанса за докажување имаат некои младинки и кадетки.

Утре следуваат два меча за селекцијата на С. Македонија, најпрвин претпладне против вториот тим на Турција, а потоа попладне против најсилниот состав на Турчинките. Последниот меч е на 25 ноември против Косово.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести