MKDNews.com

Првиот град на Марс ќе се гради 20 години

Првиот град на Марс ќе се гради 20 години
ноември 11
08:45 2019

Според проценките на директорот на Спејс-Икс – Илон Маск, првиот град на Марс би се градел најмалку 20 години и за тоа би биле потребни барем 1.000 вселенски бродови.

Според него, лансирањето на една ракета „Старшип“ ќе чини два милиони долари, а градот на Марс, многу веројатно, ќе стане реалност. За таа цел, сепак, ќе треба да бидат лансирани околу 1.000 такви полети со коишто ќе се пренесуваат потребните материјали.

Патот од Земјата до Марс засега може да се мине за две години.

Пред да се изгради одржлив град на Марс, претходно ќе се реализра астронаутска мисија со луѓе на Црвената Планета. Сепак, сега се чека луѓето прво да отидат на Месечината, за што НАСА постави рок до 2024 година. Спејс-Икс се надева дека до 2022 година ќе спушти свое летало на месечевата површина заради подготовките за слетување на астронаутите.

Во минатото, Маск ја спомна и мисијата за спуштање на екипаж на Марс во 2024 година, но тоа се чини многу тешко изводливо.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести