MKDNews.com

Протесна нота од Бугарија за изјавата на францускиот претседател Макрон „повеќе ги сакам мигрантите од Гвинеја, отколку бандитите од Бугарија“

Протесна нота од Бугарија за изјавата на францускиот претседател Макрон „повеќе ги сакам мигрантите од Гвинеја, отколку бандитите од Бугарија“
ноември 04
08:37 2019

Француската амбасадорка во Софија е повикана во бугарското министерсво за надворешни работи на разговор на 4 ноември.

Претседателот Емануел Макрон во интервју за крајно десничарскиот магазин „Актуелни вредности“, објавено во петокот изјавил дека „повеќе ги сака мигрантите од Гвинеја и Брегот на Слоновата коска отколку бандите од Украина и Бугарија“.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева му наредила на бугарскиот амбасадор во Париз да упати протесна нота до француското министерсво за надворени и исторемено ја повикала амбасадорката Флоранс Робин во министерството.

Захариева во соопштението истакнала дека зборовите на претседателот Макрон биле навредливи и неприфатливи, и дека не ги разбира причините за ваквата изјава на францускиот претседател и оценила дека најверојатно станува збор за некои внатрешни политички проблеми, пренесе БТА.

Бугарската министерка воедно изразила уверување дека ова недорабирање ќе се реши по дипломатски пат.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар