MKDNews.com

Милијардерот Блумберг се вклучи во трката за претседател на САД

Милијардерот Блумберг се вклучи во трката за претседател на САД
ноември 25
07:56 2019

Милијардерот Мајкл Блумберг денеска влезе во трката на кандидати на Демократската партија за претседателските избори во САД.

– Се кандидирам за претседател за да го победам Доналд Трамп и да ја обновам Америка. Не можеме да си дозволиме уште четири години необмислени и неетички акции на Трамп, изјави 77-годишниот Блумберг.

Тој, според Форбс, е осми најбогат Американец, чие богатство се проценува на 53,4 милијарди долари.

Негова предност е што може сам да ја финансира својата кампања и да вложи милиони долари за реклама и за вработување на персонал.

Богатството на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп се проценува на 3,1 милијарди долари.

Блумберг во четвртокот поднесе документи до Сојузната изборна комисија на САД за да се кандидира за претседател.

Тој една деценија беше градоначалник на Њујорк од редовите на Републиканската партија, а минатата година се регистрираше како демократ и стана гласен критичар на Доналд Трамп.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести