MKDNews.com

Мицкоски од Самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ!

Мицкоски од Самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ!
ноември 21
08:38 2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на Самитот на ЕПП, каде што истакна дека улогата на ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија е да донесат значителна и опиплива промена за македонските граѓани, а по изборите на 12 април да се формира стабилна влада, ориентирана кон Европската унија.

Живееме во период кога нашите политички противници се борат со нас на политичката сцена со сите алатки коишто им се на располагање, исклучувајќи ги принципите и вредностите, и верувам дека ова е еден од најсериозните политички предизвици со коишто се соочува нашето политичко семејство ЕПП . Ние сме силни кога станува збор за здрави економски и социјални политики. Ние сме силни кога се работи за исполнување на нашиот збор. Но, за жал, нашите противници не го гледаат вака конвенционалното политичко дејствување, рече Мицкоски.

Во последните три години нашата нација ја води социјалдемократски премиер, чија влада е синоним за раширена корупција. Дневните активности на оваа влада вклучуваат непочитување на владеењето на правото, целовкупната политизација на нашето општество и неспособност да се создадат економски и социјални промени за 21 век. Сепак, тие се фалат секојдневно за тоа колку се транспарентни. Се согласувам дека не сум видел потранспарентно корумпирана влада на било кое место во светот. Тие не ја негираат корупцијата, туку се надеваат дека ќе добијат дополнителен ден од нивниот мандат за да ја продолжат, истакна тој.

Лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија во своето обраќање потецира дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да работи со силен морален и етички кодекс, но и да направи севкупни реформи коишто ќе овозможат функционална правда, но и исполнување на критериумите за евроинтегрирање.

Нашата улога како опозициска партија е да донесеме значителна и опиплива промена за нашите граѓани, а по изборите на 12-ти април имаме за цел да формираме стабилна влада, ориентирана кон Европската унија, влада којашто ќе го постигне сето ова.

EPP

@EPP

Hristijan : As Macedonians we belong to the European family because we share European values.

View image on Twitter
66 people are talking about this

Новата влада којашто ќе ја предводи ВМРО-ДМНЕ се обврзува да работи со силен морален и етички кодекс, но и да направи севкупни реформи коишто ќе овозможат функционална правда, но и исполнување на критериумите за евроинтегрирање и пред се да ги промени критериумите за тоа што значи да се биде политичар во македонското општество. Ние како Македонци припаѓаме на Европското семејство и ги споделуваме европските вредности.

Со поддршка на нашето ЕПП семејство ќе го стопираме егзодусот на нашите најбрилијантни млади луѓе; ќе се справиме со екстремните нивоа на загадување; ќе ги намалиме даноците, ќе ја стимулираме економијата и ќе го поттикнеме претприемништвото. Ние мора да го европеизираме нашето општество одвнатре – затоа што ова е единствениот начин да ја поставиме нашата нација на брз пат кон членството во Европската унија, заклучи Мицкоски.

Тој истакна дека Македонија припаѓа во Европската унија и затоа во името на граѓаните  побара од делегатите да се шири пораката за нашата земја во ЕУ, бидејќи, како што рече Мицкоски, македонските граѓани го заслужуваат тоа.

Македонија припаѓа во Европската унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака. Нашата сегашна социјалдемократска влада не заслужува позитивен стимул од европските метрополи и Брисел, но нашите граѓани го заслужуваат тоа. После 12-ти април, бидете уверени дека проевропската влада ќе ги поттикне реформите и трансформативните промени во нашето општество. Ќе побарам од вас, како моја последна упатена порака, ЕПП како најсилно политичко семејство во Европската унија, да биде носителот на Македонија на патот кон членството во Европската Унија. Заедно сме посилни, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар