MKDNews.com

Мицкоски: Дебата за Уставниот суд е стратегија на Заев за негов спас од политичка и кривична одговорност

Мицкоски: Дебата за Уставниот суд е стратегија на Заев за негов спас од политичка и кривична одговорност
ноември 30
08:50 2019

Симтоматично преку ноќ, и на само неколку месеци пред изборите, станува актуелна темата со одлучувањето на Уставниот суд, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По сè изгледа самата тема стимулирана од провладините структури, ми изгледа за предизборна стапица каде нужно ќе се навраќаме како јавност на старите теми, сè со цел да се заборави она што е вистински актуелно, а тоа се десетиците коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето, туку за кои нема ниту истраги, како „Кеш“, „Вирус“, „Рекет“ 1 и 2, набавка на хеликоптери, тепање на вработен во општина од градоначалник, криминалци на слобода…, вели Мицкоски.

Кога станува збор за аболицијата како принцип, потенцира Мицкоски, и особено што на чело на Владата имаме некој кој веќе поминал низ тој процес и е аболиран, ќе кажам дека сум човек кој не верува и не поддржува аболиција како принцип, особено што целата оваа дебата ми личи за подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта кои се плашат од одговорност за аферите сега, како и еден вид закаснета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци.

Иако сега власта ќе крева прашина, ќе создава вештачки непостоечки теми и хипотези, и ќе истакнува колку тие се против, сепак останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ.

 

Јас компромис со правдата не правам, ниту сега и во иднина, а до крај ќе бидам за доследна примена на законите и Уставот, воспоставување на независно судство и обвинителство, како и одговорност за секој докажан криминал, потенцираше Мицкоски.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести