MKDNews.com

Јовески: Апсурдно е секретар да е повеќе платен од претседател на држава

Јовески: Апсурдно е секретар да е повеќе платен од претседател на држава
ноември 29
08:46 2019

За државниот обвинител Љубомир Јовески сомнително е тоа што додатоците на плата се третирале како класифицирани информации, а станува збор за јавни пари за кои граѓаните треба да имаат увид.Вели додатокот не смеел да биде повисок од 35 отсто од платата која обвинителите ја земале. Државниот обвинител посочи дека ќе ги истражат сите околности, а дополнителен сомнеж за Јовески фрла тоа што два пати се земале пари по основ на доверливост.

За да не ги кажуваат доверливите информации и што слушнале во т.н. “бомби”за четири години обвинителите од СЈО земале вкупно над еден милион евра. Но освен десетината обвинители бонуси земале и луѓе кои не се јавнообвинителски службеници. Па така, во базата “Отворени Финансии” меѓу останатите е и примерот со возачот на Јанева кој надвор од редовната плата зел додатоци од 30.000 евра. Според професорот Гордан Калајџиев, Јанева бонусите ги делела без правилник.

Сумите по обвинител се движеле од 70.000  до 107.000 евра, покажуваат податоците. Па така, поранешната обвинителка и шефица на оваа институција Катица Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.

Педесет илјади евра помалку, односно 107.000 зеле првата заменичка на Јанева обвинителката Елизабета Јосифовска и обвинителот Стевчо Донев.

Обвинителката Лиле Стефанова, која го застапува случајот “Империја” зела надоместоци од 93.000 евра. Три илјади евра помалку од Стефанова земал нејзиниот колега Бурим Рустеми.

Од 2015-та до годинава обвинителите Фатиме Фетаи и Љубомир Лапе земале 87.000 евра , илјада евра помалку од оваа сума добиле обвинителите Артан Ајро, Гаврил Бубевски и Трајче Пеливанов.

Најмалку од сите, односно 84.000 евра добила обвинителката Ленче Ристоска.

Делењето на бонусите денеска предизвика и жестока дебата на собраниската седница за пратенички прашања.

Меѓу останатите, според базата сегашниот директор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми како истражител во СЈО добил 26.000 евра, а командантoт на “Алфите”  Примислав Димовски зел 39.000 евра. Тој прв јавно изрази подготвеност да ги врати парите доколку се утврди дека тие се делеле незаконски. На списокот стои и името на новинарот Сашо Орданоски кој добил 4.000 евра, кој според неофицијалните информации на Канал 5 бил задолжен за пишување на говорите на Јанева.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести