MKDNews.com

Боки 13 хоспитализиран, дали почетокот на судењето се доведува во прашање?

Боки 13 хоспитализиран, дали почетокот на судењето се доведува во прашање?
ноември 28
08:50 2019

Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември.

Боки 13 ноќта ја поминал под докторски надзор откако претходно затворскиот лекар од Судот побарал дозвола обвинетиот Јовановски да биде пренесен во болница, вели директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ.

Боки 13 постојано се желел на проблеми со здравјето, но каква е неговата моментална состојба засега не е познато.

“ Директорот на Градската општа болница 8-ми септември вели Бојан Јовановски е хоспитализиран заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази и дека дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постпка, велат стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба. “

Информацијата дека Јовановски е задржан во одделението за интензивна нега ја потврди и неговиот адвокат Сашко Дуковски, кој пред десетина дена на пресконференција обвини дека неговиот клиент има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализција, но дел од медицинските установи ги демнантираа наводите на бранителот кој тврдеше дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

По оваа состојба се понеизвесно станува дали провоообвинетиот во Рекет ќе може да присуствува и на првото рочиште кое е закажано за 3-то декември.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во телевизиско интервју изјави дека јавноста многу брзо ќе дознаела дека некој од Владата го предупредил Бојан Јовановски дека е пријавен за милионскиот рекет.

“ Многу скоро во јавноста ќе излезе дека некој го предупредил Бојан Јовановски дека некој го предупредил  за слуачајот Рекет од Владата,  тој што го предупредил бил од Владата. И тоа не е добро, ако е тоа така, а е така тогаш треба да видиме кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски,  од Владата. Да видиме која е таа личност, затоа што тука веќе овој октопод за кој што ние говориме има поголеми димензии. Не е само ограничен на оние осомничени 4-ца. Сега пазете, Бојан Јовановски е гостин кај Зоран Заев во кабинетот, практично моден гуру, самиот Зоран Заев вели дека тој менаџира провладина телевизија и наеднаш никому ништо, “ тоа не важи, вели  Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Од Апелациниот суд очекуваат деновиве да го добијат мислењето од Вишото јавно обвинителство за притворот на Јовановски по што ќе одлучува дали оваа мерка ќе се укине или не.

Извор: Канал 5.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести