MKDNews.com

Ако сте ја пуштиле Катица, од гаќи ќе ве истресам цел Совет со финансиска истрага

Ако сте ја пуштиле Катица, од гаќи ќе ве истресам цел Совет со финансиска истрага
ноември 21
08:34 2019

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“ – ова е СМС пораката која обвинителката Вилма Русковска ја испратила  до еден од тројцата судии кои ја донесоа одлуката екс обвинителката Јанева да замине во домашен притвор, тврдат од Апелациониот суд.

За нив, оваа порака како и синоќешните изјави на Русковска во слична насока, се закана и директно мешање во судот, за што, веќе ги известиле и надлежните институции.

„Ваквото однесување на јавен обвинител претставува искористување на позицијата на јавен обвинител и обид преку јавен настап да се наметне постоење на елементи на корупција во постапувањето на Кривичниот совет и да се изрази неосновано и паушално сомневање во поглед на правилноста и законитоста на одлуката“,- пишува во соопштението од Апелациониот суд.

Од обвинтелството брзо потоа, ги отфрлија обвинувањата, а пораката ја објаснуваат како реакција на моментално разочарување:

„Јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт. Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука  во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и  поднесено обвинение, очекува судска разрешница. – соопштија од обвинителството.

Инаку, Апелација се уште го нема објавено решението, па се уште останува непознато врз основа на што ја преиначија одлуката за притворт на Јанева, како и составот совет на судиите кој одлучувале.

Сепак,од извори во судот ce дознава дека станува збор за судиите Јани Нича, Зоран Димитриевски и Сафет Кадрии. Токму Кадрии кој е и портарол на судот, денеска по одржаниот колегиум не сакаше да говори ниту за пораката, ниту за образложението на одлуката..

Засега останува објаснувањето од вчера во коеод скопска Апелацијакажаа дека при носењето на одлуката ја ценеле здравствената состојба на Јанева, тоа дека таа поминала повеќе од три месеци во ефективен притвор, но и дека веќе постои обвинение со што извршната постапка завршила.

На ваквото објаснување преку Дојче веле реагираше Рускоска.

“Ако имала здравствени проблеми зошто не си поднела оставка уште додека била на функција?”– прашува обвинителката, според која, подобро ќе беше во случајот судот да ја прифати понудената гаранција од три стана“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар