MKDNews.com

Венецијанската комисија оценува дека Законот за јазиците ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем!

Венецијанската комисија оценува дека Законот за јазиците ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем!
октомври 07
18:05 2019

Венецијанската комисија има низа забелешки и бара законот да се ревидира без користење на скратена собраниска постапка, бидејќи иако се унапредува албанскиот јазик, на институциите им се наметнуваат нереални правни обврски. Ова стои во драфт верзијата, која од Владата не сакаат да ја коментираат додека не се објави официјалниот документ за десет дена.

Истиот коментар го имаат и од Министерството за правда, но со дополнување дека штом мислењето ќе биде усвоено, ќе го почнат процесот на имплементација на забелешките. Владата уште пред две години најави дека ќе ги прифати сите забелешки од Венецијанската комисија.

Според вицепремиерот Бујар Османи има неколку драфт верзии кои се пратени за споредување со фактичката состојба, но дали ќе се спроведуваат забелешките како што ветуваше пред неколку месеци, сега не сака да коментира. Неговиот сопартиец Груби, вели дека законот за јазици е бесценет и ваков каков што е, носи меѓуетнички мир.

Овие сериозни забелешки според ВМРО ДПМНЕ е правно политички срам за Владата, а од СДСМ засега не коментираат.

Денеска на собраниска седница пратениците од ВМРО ДПМНЕ бараа да се повлече од дневен ред Инспекторатот кој ќе казнува за неспроведување на Законот за јазици, но мнозинството пратеници го одбија овој предлог.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести