MKDNews.com

Пендаровски предлага вонреден самит за потврда на европскиот пат на Западен Балкан

Пендаровски предлага вонреден самит за потврда на европскиот пат на Западен Балкан
октомври 26
19:59 2019

Македонија,Албанија и другите земји од регионот треба да продолжат по европскиот пат зашто друга алтернатива нема, порача претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета во Тирана.

Пендаровски предлага земјите од Западен Балкан да одржат вонрден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.

Пендаровски рече дека го информирал Мета за лидерската средба во Скопје и за државниот консензус да се продолжи по европскиот пат и да се организираат предвремени парламентрани избори.

Двајцата претседатели се согласиле да ги охрабруваат сите политички фактори да продолжат со ервопската агенда, а лидерите на ЕУ дека преговорите со земјите во регионот се влог во стабилноста и просперитетот.

Односите меѓу Скопје и Тирана, шефот на македонската држава ги оцени како одлични, а соработката интензивна и плодна. Пендаровски и Мета оценија дека треба да продолжи добрата политичка соработка, но оти фокусот во иднина треба да се стави на економијата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар