MKDNews.com

Пеачката cе мажи за осуден убиец

Пеачката cе мажи за осуден убиец
октомври 19
20:43 2019

Aмериканската пеачка Ники Минаж во најновото интервју за „Е!“ открила дека веќе оваа недела би можела да го каже судбоносното „да„ на своето момче, продуцентот Кенет Пети.

Минаж во повеќе наврати истакнала дека никогаш во животот не била посреќна и дека едвај чека да се  омажи, иако фановите не ја одобруваат нејзината врска со Кенет заради неговото проблематично минато.

Изминативе денови се слушаат гласини дека парот веќе се венчал во тајност, но контроверзната пеачка ги демантираше таквите гласини.

-Не сум се омажила. Добивме дозвола за брак, но ја чекаме пасторката за која од првиот ден знаеме дека ќе не венча. Таа има слободен распоред дури од наредната седмица, така да тогаш би можела да бидам во брак, изјавила пеачката и така повторно ги шокирала фановите.

Пеачката и пет години постариот менаџер ја потврдија врската кон крајот на минатата година, а во фокусот на јавноста тогаш се најде мрачното минато на Кенет. Имено тој во 1995-та е осуден за обид за силување на 16 годишно девојче, заради што добил казна затвор во траење од 18 до 54 месеци. Потоа во 2002-ра ја признал ината за убиство без предумисла, заради што цели седум години поминал во затвор.

View this post on Instagram

My nigga home now he da Clyde to my Bonnie 🤞🏽

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар