MKDNews.com

Нема безусловна поддршка за Македонија во ЕУ

Нема безусловна поддршка за Македонија во ЕУ
октомври 01
06:22 2019

Софија нема да го попречува почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија, но ќе постави јасни црвени линии, со кои Бугарија ќе го заштити националниот идентитет.  Пораката ја испрати претседателот Радев, кој ја организираше консултативната средба на која учествуваа и премиерот Борисов, вицепремиерот Каракачанов и шефицата на дипломатијата Захариева. За пробив на низ преговорачките поглавја, според Радев, Македонија ќе треба да се посвети на учебниците, наставните планови, натписите на спомениците и музеите.

-Овие критериуми мора да бидат дел од рамката за преговори и да станат задолжителен  предуслов за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.  Во случај на нивно неисполнување, да не смее да се продолжува кон следните фази на преговарачкиот процес. Тоа треба да биде јасно назначено во начелото при давањето  почеток на преговарачкиот процес за Северна Македонија,  изјави Румен Радев, претседател на Бугарија

И за премиерот Борисов, поддршката на Бугарија не е безусловна. Вели до вчера нагласувавме дека сме братски народи и затоа влегувањето на Македонија во Унијата е важно, но не и по секоја цена.

-Не смеат да си играат со историјата и минатотото и нека се концентираат на иднината. Нека не продолжува братоубиствената војна од страна на пропагандата во Скопје зашто ние поблизок народ и луѓе немаме. Да ја запреме Северна Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе биде запишано во историјата дека сите 27 земји ги поддржале, а само Бугарија ги запрела, изјави Бојко Борисов, премиер на Р.Бугарија.

Вицепремиерот Каракачанов, пак, кој вчера се закани дека неговата партија ќе ја откаже поддршката на владата на Борисов доколку земјава не биде блокирана за две недели во Брисел, денеска не ја спомена таквата можност. Но, тврди дека Македонија мора да исполни јасни услови.

Каракачанов, пак, по средбата, како и пред неколку дена, кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу  јасни услови.

-Тие се поигруваат со нас и купуваат време. Земете го фактот дека следната средба на Комисијата е закажана на 15-ти октомври, ден пред средбата на министрите во Брисел, изјави Красимир Каракачанов, вицепремиер на Бугарија

-Каракачанов како војвода е потврд, со шамари во речникот. Ние сме подипломатски настроени“, рече Борисов.

Државниот врв на Бугарија денеска го реафирмираше ставот дека Македонија и Албанија треба да се разгледуваат заедно и преговорите да ги почнат во пакет.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести