MKDNews.com

НАСА објави визуелизација на црната дупка

НАСА објави визуелизација на црната дупка
октомври 01
07:00 2019

Визуелизацијата покажува симулација на изгледот на црната дупка и нејзиниот акрециски диск, односно вжештена супстанција што влегува во неа. Екстремната тежина на црната дупка ја наведнува светлината на различни делови на дискот и прикажува искривена слика на самата црна дупка.

Гасот што е најблизу до црната дупка кружи околу неа со скоро брзина на светлината, додека надворешните слоеви се движат малку побавно. Кога се гледа црната дупка од странична перспектива, левата страна на дискот изгледа посветла од десната. Ова е затоа што блескавиот гас од левата страна на дискот се движи во наша насока толку брзо што ефектот на теоријата за релативност на Ајнштајн ја засилува нејзината сјајност. Спротивното е точно за десната страна, каде што гасот што се оддалечува од нас изгледа потемен. Оваа асиметрија исчезнува кога ја гледаме црната дупка точно ‘во лице’ затоа што од оваа перспектива ниту еден материјал не се движи по нашата линија на гледање, односно кон нас или од нас.

Гравитацијата на самата црна дупка е толку моќна што ја искривува светлината на блискиот гас во акрецискиот диск, така што ја гледаме неговата спротивна страна, онаа што е навистина зад црната дупка, како што ја опкружува и создава прстен на светлината околу неа.

Овој таканаречен ’фотонски прстен’ се состои од неколку линии, кои постепено стануваат потенки и потемни. Бидејќи сферичката црна дупка е симулирана, фотонскиот прстен изгледа скоро кружен и идентичен од кој било агол на гледање. Во внатрешноста на фотонскиот прстен е сенка на црната дупка.

„Ваквите симулации покажуваат добро што мислеше Ајнштајн кога рече дека гравитацијата го нарушува просторот и времето“, рече креаторот на оваа визуелизација, астрофизичарот Џереми Шнитман од Центарот за вселенски летови на НАСА, Годард.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести