MKDNews.com

Митко Јанчев дел од партиската трибина на СДСМ

Митко Јанчев дел од партиската трибина на СДСМ
октомври 31
07:58 2019

Бизнисменот и актуелен градоначалник на Кавадарци, предложен и избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, се појави во првите редови на граѓанската трибина која ја организираше владечката СДСМ во Домот на културата во Кавадарци.

Спасовски го поздрави присуството на Јанчев и рече дека очекува дека неговиот пример ќе го следат многу граѓани на Кавадарци да се приклучат на караванот на „Вистински пат“.

На трибината насловена како „на прав пат“ се обратија Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и Министерот за земјодели Трајан Димковски, а Спасовски ја искористи можноста да го поздрави и јавно градоначалникот Јанчев.

Во првите редови на оваа трибина покрај Митко Јанчев беше и неговиот против-кандидат за време на локалните избори од редовите на СДСМ, Бетиан Китев.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар