MKDNews.com

Мицкоски од Ресен најави предизборна програма за решавање на сите проблеми на граѓаните

Мицкоски од Ресен најави предизборна програма за решавање на сите проблеми на граѓаните
октомври 05
07:53 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево се обрати од Ресен на граѓанскиот собир како дел од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ .

Во продолжение обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

Овие се тешки денови, денови кога практоично, треба да се набере она кое што претходно било посаденено, негувано. А потоа доаѓа, претпоставувам уште потешкиот дел кој што беше главен проблем изминативе години, а тоа е, тоа што е набрано да се продаде и да се добие соодветна награда за тоа што ќе се продаде, односно да биде се тоа достоинствено. Да не биде недостоинствено. Да не биде навредливо. Да не биде како што беше изминатата година.

Оваа година, посакувам овие од Владата на СДСМ и Зоран Заев, од она кое што го слушнав тука на терен, сведочењата се дека се што ветиле, вклучително и онаа помош која што ја ветија за штетите 2016 – 2018 година, воопшто никогаш до сега не е пристигната, а камо ли за нешто повеќе.

Така што уште еднашка ви благодарам што најдовте време овдека да бидете со нас, и да практично заедно да разговараме за сите проблеми, за сите маки кои што овде во Ресен, вие ресенчани ги чуствувате.

Знам дека е тешко, голем дел од проблемите кои што ги слушнав и кои што претпоставувам ќе ги слушнам во текот на вечерта се заеднички со нашите сограѓани ширум Македонија. Веќе имавме еден ваков настан кој што беше во Битола, а потоа имаше ваков настан во скопски Чаир, па во Петровец, во Кратово, продолжуваме сега во Ресен и во другите градови во Македонија.

Основните проблеми кои што ги мачат граѓаните ширум Македонија се безпарицата, сиромаштијата, но најмногу од се е тоа што граѓаните во нашата татковина ја загубија надежта за подобра иднина, за перспектива, убедени се во безперспективноста. И луѓето, а посебно младите одлучуваат да ги спакуваат куферите и да ја напуштат Македонија и да ја градат својата иднина некаде далеку, во другите земји во Европа.

Некои одлучуваат да отидат и преку океанот во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија. Но, она што е трагично, е што секојдневно некој наш сосед, некој наш пријател, другар трајно не напушата и заминува поради разочарувањето, поради неисполнетите ветувања, поради нереализираните очекувања. А богами, изминатите речиси три години ги имаше многу.

Јас знам и свесен сум дека ми престои тешка и пеколна битка за да го убедиме секој еден човек дека тоа што го зборува СДСМ, Зоран Заев, дека сите биле исти, не е точно. Оние тоа го зборуваат затоа што сакаат сопствената немоќ, сопствените лаги, сопствениот арамилук да го покријат со тоа што ќе предизвикаат еден вид апатија, разочарување, немоќ кај граѓаните да речат, па види еве и овие другите и овие од опозицијата се исти како овие од власта. Не се сите исти.

Не се сите исти затоа што организатор и реализатор на сите лаги, на сите кренати очекувања и уште поголеми разочарувања има име и презиме и политичка припадност а се вика Зоран Заев и СДСМ.

Власт во оваа држава, веќе трета година по ред е СДСМ и Зоран Заев. Ние како ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следи ќе понудиме комплетно нови политики кои што ќе значат решение за сите проблеми. Оние кои што ќе можеме со тие политики да ги решиме. А оние кои ќе не можеме ќе кажеме чесно, честито и отворено, луѓе ние ова не можеме да го решиме поради тие и тие причини.

Тоа што ќе можеме парцијално делумно да го решиме, тоа што ќе ни треба малку повеќе време ќе кажеме луѓе за ова ни треба повеќе време, за ова ни треба помалку време. Ќе мора да бидеме трпеливи и да почекаме. Ќе има решение за тој проблем.

Сакаме отворено, чесно, честито без да се затвораме во сали, без да ги бираме гостите на нашите настани, и без да ги нарачуваме прашањата да разговараме со граѓаните, да ги слушнеме нивните маки и да покажеме дека Македонија може поинаку, дека Македонија има сила за поинаки, има капацитет. И Македонија, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија тоа го заслужуваат.

Ние не се срамиме да излеземе пред граѓаните да разговараме и онаму каде што можеби во минатото некои политики на ВМРО-ДПМНЕ некому му причиниле штета да ги слушнеме неговите аргументи и доколку навистина е тоа така да побараме прошка. Но, онаму каде што имало  добри политики, а имало многу во минатото тие истите да ги надградиме и прошириме. Но, истовремено да понудиме и нов концепт на функционирање на нашата држава.

Ќе понудиме и кадровско освежување кое што започна со вчерашниот ден, дел од 16темина стратешки соработници мои, ваши, на Македонија, беа презентирани на македонската јавност. тоа ќе продолжи и понатаму во периодот кој што следи. Веднаш со крајот на оваа акција за Обнова на Македонија, откако ќе добиеме од вас насока кои се вистинските проблеми иако да бидам искрен ги знаеме сите, можеби не сите, но повеќето од нив. Врз основа на тие проблеми да понудиме решенија а потоа доаѓа оној стратешкиот дел каде што како партија, како ВМРО-ДПМНЕ, ќе зборуваме малку и за стратегијата, ќе зборуваме и за концептот како Македонија во иднина да биде тигар на Балканот.

Јас би сакал накратко да ве потсетам на некои промашувања од минатото кои што ги нудеше СДСМ и Зоран Заев. Јас се сеќавам, идејќи наваму ја гледав онаа изјава каде што Зоран Заев овдека пред Ресен и ресенчани ветува дека тој ќе обезбедел загарантиран откуп на ресенското јаболко, дека секој еден ресенчанец кој што произведува јаболка ќе добие достоинствен откуп и сигурен откуп и достоинствена цена за тој откуп. Субвенциите дека ќе доаѓале на време, помош ќе имало и знаеле они како имале план во нивната програма и така натаму.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести