MKDNews.com

,,Металика” ненадејно ја прекина турнејата

,,Металика” ненадејно ја прекина турнејата
октомври 01
06:54 2019

Фронтменот на групата ,,Металика” , Џејмс Хетфилд , повторно почнал да пие и морал итно на рехабилитација, поради што групата ја прекина турнејата.

Фановите на ,,Металика” во Австралија и на Нов Зеланд ќе мора да попричекаат на настапот на хеви металците , откако фронтменот Џејмс Хетфилд мораше итно да замине на програма за одвикнување од алкохол.

Металика објави на Твитер дека им е „искрено жал“ за одложувањето на турнејата.

“Како што повеќето од вас веројатно знаете, нашиот брат Џејмс со години се бори против зависноста од алкохол. Сега, за жал, тој мораше повторно да почне со програмата за рехабилитација “, напишале неговите музички колеги , Ларс Улрих, Кирк Хамет и Роберт Трухило.

Според веб-страницата на бендот, требало да одржат осум концерти помеѓу 17 октомври и 2 ноември: шест во Австралија и два во Нов Зеланд.

Металика соопшти дека навивачите кои купиле билети ќе можат да добијат целосна исплата и дека групата планира да се врати во Австралија и Нов Зеланд „штом дозволат здравјето и распоредот“.

Сите членови на групата се во педесеттите години.

Нивниот петти албум „Металика“ од 1991 година е продаден во 30 милиони примероци.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар