MKDNews.com

Куче – робот е хит во Јапонија (видео)

Куче – робот е хит во Јапонија (видео)
октомври 26
20:35 2019

Кучето- робот на компанијата ,,Сони” , наречено Аибо е вистински хит во Јапонија , зашто освен што лае и се гали , може да вклучи микробранова печка и правосмукалка.

Освен тоа, Аибо , може со лаење да каже кога завршила со работа машината за перење алишта или садови , а знае и да прави селфи и да позира.

Демонстрацијата на вештини на Аибо се одржа на „CEATEC“ во Токио, најголемиот јапонски саем за информатика и електроника.

Беше прикажано како Аибо дава сигнал за да се вклучи рерната веднаш откако сопственикот ќе пристигне дома.

Малиот робот е програмиран да позира за селфи , доколку е потребно, со правење симпатични пози. Може да се фотографира и со луѓе, да прави селфи и да поставува фотографии на социјалните мрежи.

Претходно оваа година, од Сони беше објавено дека Аибо може да биде и куче чувар. Со помош на камери и микрофони, роботско куче може да изврши увид во деловни или станбени простории и будно да го следи  домот за месечна претплата од 14 долари. Во зависност од конфигурацијата, еден Аибо може да чини до 3.000 долари.

Аибо може да препознае и лица. По потреба, може да запамети имиња и лица на најмногу десет луѓе.

Сони вели дека доставиле 20.000 роботи на клиенти од почетокот на оваа година.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар