MKDNews.com

Космонаути на НАСА излегоа во вселената (видео)

Космонаути на НАСА излегоа во вселената (видео)
октомври 07
19:15 2019

Космонаути на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА), во моментов извршуваат работни задачи во отворен Космос на Меѓународната вселенска станица.

Кристина Кук и Ендрју Морган изведуваат замена на батериите на соларните антени на станицата. НАСА го најави нивното излегување „во вакуумот на вселената“.

– Дуото ќе работи надвор во вакуумот на вселената околу шест часа и 30 минути – изјавија од агенцијата.

Планот на НАСА предвидува излези во отворен космос на пет дати во октомври и уште пет излеза се планирани за ноември. Тоа се работни задолженија за ремонт и модернизација на алфа-магнетниот спектометар кој се наоѓа на надворешната површина на МВС.

Агенцијата на својот веб сајт го емитува во живо настапот на космонаутите надвор од МВС.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар