MKDNews.com

Банички со сирење

Банички со сирење
октомври 31
08:12 2019

Направете вкусни банички со сирење во вашата кујна.

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг. брашно
  • 2 дл. јогурт
  • 2 дл. масло
  • 1 дл. млака вода
  • 1 јајце
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 30 гр. квасец
  • 500 гр. сирење
  • 2 јајца за фил
  • ПОДГОТОВКА:

    1. Се става квасецот во млака вода и се додаваат состојките за тесто.
    2. Се меси тесто и се остава покриено половина час.
    3. Се дели на шест дела и се прави топка од секој дел, се оставаат сите топки 10 минути.
    4. Се ситни сирењето и се меша со две јајца за фил.
    5. Се зема по една топка и се развлекува кора, се пресекува на пола, се прска со малку масло и се става фил, па се витка баничка.
    6. Се оставаат на хартија за печење на плех и се оставаат 10 минути, па се печат на 200 степени додека не поруменат половина час.

Извор: Gotvi.mk

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар