MKDNews.com

Жената со две вагини роди здрави близначки

Жената со две вагини роди здрави близначки
септември 28
11:28 2019

Лорен Котер (34) е родена со диделфија на матката, ретка состојба во која жената се раѓа со две матки, две грла на матката и, во нејзиниот случај, со две вагини.

Лекарите ѝ прогнозирале дека нема да може да забремени, па така и таа била сигурна дека не може да се оствари во улогата на мајка.

И покрај црните прогнози, во јуни 2014 година, Лорен Котер ја родила ќерката Амелија, со царски рез. Година и пол подоцна, таа и нејзиниот сопруг решиле дека сакаат уште едно дете, и повторно немале проблем со плодноста. Таа го донела на свето синот Харви, кој растел во левата матка на Лорен, за разлика од првороденото дете.

Таа била убедена дека нејзиното семејство повеќе нема да се проширува па вградила контрацепски имплант, а потоа на сопствено изненадување забременила со близначки. По девет месеци на свет дошле близначките Маја и Иви, кои ги носела во десната матка.

Лорен се присетила и на почетокот на својата врска со сопругот Бен и на стравот, дека нема да може да му ја исполни неговата најголема желбa.

– Иако забременив, не сум сигурна зошто, и дали тоа можеби има некаква врска со тоа што имам две вагини – додала за британски „Сан“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар