MKDNews.com

Жбогар: Договорете се и вратете ја довербата, тоа е поважно од датумот

Жбогар: Договорете се и вратете ја довербата, тоа е поважно од датумот
септември 12
19:32 2019

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска упати апел до политичките партии да продолжат со напорите за да се најде консензус за законот за јавното обвинителство.

Во изјавата дадена во Вевчани, евроамбасадорот порачува дека фокусот мора да биде ставен на тоа да се најде решение и да се врати довербата кај граѓаните и оти во моментот тоа е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговори.

Сега засега не е најдено решение. Не е постигната согласност. Но, ние и понатаму ќе работиме на тоа повторно да видиме што ќе се случи со предметите поврзани со поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Решението се уште не е постигнато, но треба да го постигнеме, да го најдеме тоа решение. Упатуваме апел до двете политички партии да продолжат со нивните напори да се обидат да најдат консензус во врска со ова прашање, истакнува Жбогар.

Ако се реставрира таа доверба, вели Жбогар, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и ќе ја признаеме таа доверба.

Тој смета дека Јавното обвинителство може да ги преземе предметите од СЈО и оти има логика да се спојат СЈО и ОЈО.

Мислам дека СЈО заврши една важна работа. Мислам дека во изминатите неколку години работеа на важни случаи, на давање отчет за сторени кривични дела. Веруваме дека оваа работа може да ја продолжи Јавното обвинителство така што мислиме дека има логика во тоа да се спојат СЈО со ОЈО. Колку што разбираме и двете страни се согласни со тоа, вели Жбогар, додавајќи дека заедничко е разочарувањето со развојот на настаните во државава.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести