MKDNews.com

Радев – Ако нема договор, ќе има екстремни мерки и нова позиција

Радев – Ако нема договор, ќе има екстремни мерки и нова позиција
септември 20
08:02 2019

Бугарскиот претседател Румен Радев од бугарските професори од мешовитата комисија за историја побарал гаранции дека до октомври ќе ги решат сите спорни прашања за историјата.

И порача дека Македонија може да се надева на поддршка од Бугарија, но не по сметка на бугарските национални интереси. Во спротивно, бугарската влада според него треба да создаде нова национална позиција со јасни барања и критериуми кои би биле вклучени во преговарачката рамка на земјава за членство во ЕУ.

-Ако вие почитувани господа можете да дадете гаранција дека во рамките на останатиот еден месец, вашата комисија ќе ги реши сите спорни прашања вклучително на настани, на личности, корекција на учебници,на натписи во музеи, натписи на споменици, на ставовите на јавните медиуми, тогаш бугарската влада ќе може да продолжи со политиката на поддршка на Република Северна Македонија во ЕУ. Ако  не можете да дадете такви гаранции, треба власта да направи екстремни мерки за изработка на нова национална позиција – изјави Радев.

Пораките на бугарскиот претседател доаѓаат во речиси исто време со изјавата на портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас, кој кажа декаГрција нема да прифати да се одвојат Македонија и Алабнија и дека за нив двете држави се пакет..

Ваквата навидум принципиелна позиција, всушност крие опасност од прикриено вето, со оглед дека неколку европски престолнинии праќаат сигнали дека се подготвени да ја кренат рампата за Скопје, но не и за Тирана.

Силна поддршка во пресрет на одлуката на ЕУ за отворање на преговори, стига од Вашингтон.. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкна, Метју Палмер, во интервју за Гласот на Америка вели дека очекува позитивен исход.

-Европската комисија предлагаше отпочнување на преговори за членство со Скопје во последниве девет или десет години по ред.На нашите европски партнери јасно им ја пренесовме нашата позиција.Сметаме дека отпочнувањето на преговорите би било многу корисно.- Метју Палмер.

Европската агенда на земјава предвидено е да се најде идниот месец во Брисел, најпрво пред советот на министри на унијата на 15 октомври, а два дена подоцна и пред Европскиот совет, кој треба да ја потврди нивната одлука.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести