MKDNews.com

Полицаец си ги убил децата и се самоубил, сопругата се бори за живот

Полицаец си ги убил децата и се самоубил, сопругата се бори за живот
септември 10
07:36 2019

Холандската полиција соопшти дека во градот Дордехт дошло до пукање во семејна куќа , при што се убиени три лица.

Полицијата  објави и дека едно лице е тешко повредено. Според медиумите , околу 17.30 часот на местото на трагедијата пристигнале полициски хелкоптери и возила на итна помош.

Холандскиот портал Телеграф дознава дека станува збор за семејна драма во која полицаец пукал кон членовите на семејството и на крајот си го одзел животот. Тие додаваат дека овие информации ги потврдил извор близок до истрагата.

Меѓутоа, другите холандски медиуми додадоа дека соседите дознале дека тројцата загинати се полицаец, кој пукал кон неговото семејство и на крајот го убил себе си и неговите две деца. Додаваат дека неговата сопруга и мајката на децата била сериозно повредена.

Полицијата потврди дека тројцата биле мртви, но не соопшти дали се деца.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести